• сабота, 23 ноември 2024

Над 600 гости на 11. издание на Денот на гравот во Теарце

Над 600 гости на 11. издание на Денот на гравот во Теарце
Теарце 8 октомври 2022 (МИА) - По две години пауза поради пандемијата, денеска во тетовско Теарце се одржа единаесеттото издание на манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав. -Секоја година расте бројот на посетитители, годинава бележи некаде околу 600 гости. Основата на настанот и иста, сакаме гравот да го промовираме на повисокото ниво и на тој начин да им помогнеме на земјоделците, медарите, на училиштата кои одлучиле да посветат дел од работата на оваа култура. Одбележувањето на овој ден е значајно во нашиот обид да ја негуваме традицијата на одгледување на гравот, изјави Метин Муареми од ЦЕД. Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Мирко Ѓорѓески.                   -Подготвуваме околу 40 килограми грав, пиперки, патлиџани, кромид и моркови и месо. Спецификата на тетовското гравче е поднебјето каде се одгледува. Овде е мека водата и се вари полесно, додека на некои места има ткн. потврда вода. Ако овде се вари три саати, на другите места е потребно да биде двојно повеќе, изјави Мирко Ѓорѓевски од Теарце. На манифестацијата традиционално настапија културно уметничките друштва од трите националности македонска, албанска и турска кои живеат во регионот. Преку штандови се претставија неколку училишта од регионот со разни изработки, подготвена храна, посадени растенија, а присутни беа и земјоделските производители.ас/лв/

Остани поврзан