• сабота, 23 ноември 2024

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

Анкара, 18 април 2024 (МИА) – Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан