• петок, 22 ноември 2024

Настап на Пајак и „Два бона“ во Кисела Вода

Настап на Пајак и „Два бона“ во Кисела Вода

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Во паркот „Расадник“ на втората фестивалска вечер од „Културнoто лето“ на Општина Кисела Вода синоќа настапија Пајак и „Два бона“.

Како што соопшти денеска Општина Кисела Вода, имало над 10.000 посетители. 

- Покрај нивните хитови што се пееја цела вечер во еден глас, тие на сцената настапија и заедно, со нивната нова заедничкa песна „Алиби“. Аплаузи, пеење, сликање со идолите, огномет и многу забава и среќа се запишани на страницата на Општина Кисела Вода од овој четврток. Добрата забава продолжува и во следните денови, се наведува во соопштението.

Вечерва од 20:30 часот, на истата локација, настапуваат Ѓорѓе Давид, Бресквица и Ивана Петерс, на кои ќе им се придружи и Андријана Петрушовска. бд/бак/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан