• четврток, 07 ноември 2024
На денешен ден
18 декември 2020 (МИА) 1398.- Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан (Тимур) го зазел индискиот град Делхи. 1644.- Веднаш по полнолетството на престолот застанала шведската кралица Кристина Аугуст, која веднаш и ставила крај на војната со Данска, а во 1648 година и на Триесетгодишната војна со што Шведска станала голема сила на Балтикот. Абдицирала во 1654 година кога се открило дека тајно преминала во римокатоличката вера која тогаш била забранета во Шведска. 1709.- Родена е руската царица Елисавета Петровна Романов, ќерка на Петар Велики. Нејзиното владеење од 1741 до 1762 година не е карактеристично со територијално проширување на Русија што било императив за нејзиниот татко, како и за Катерина Велика, која на престолот дошла неколку месеци по смртта на Елисавета. 1737.- Умрел Италијанецот Антонио Страдивари, најпознат светски мајстор за изработка на виолини и други гудачки инструменти. Направил околу 1.100 виолини, виоли и гитари. Со неговиот потпис сочувани се околу 500 виолини, 12 виоли и 50 виолончела. Стручњаците не ја открија тајната на совршенството на резонанците на неговите виолини. Се знае дека дрвото го купувал во Далмација, главно евлово и врбово, но не се знае хемискиот состав на лакот со кој ги премачкувал инструментите. 1786.- Во Ојтин е роден Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент. Покрај Шуберт, тој бил главен претставник на германскиот романтизам. Познати се неговите опери „Евријанте“, „Волшебниот стрелец“ и „Оберон“. Умрел во Лондон во 1826 година. 1803.- Умрел германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер, кој со делото „Идеи за филозофија на историјата на човештвото“ значително повлијаел на младиот Јохан Волфганг Гете, на книжевното движење „ssturm und drang“ и на целиот германски романтизам. Едно од најголемите негови дела е збирката на народни песни „Гласови на народот во п 1828.- Силен земјотрес го разурнал јапонскиот град Нагаока, во кој загинале 30.000 луѓе. 1829.- Умрел Жан Батист Ламарк, француски природонаучник и филозоф, основач на учењето за развитокот на живите суштества. Според него, живите суштества ја менуваат структурата и некои органи, зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Роден бил на 1 август 1744 година. 1856.- Роден е англискиот физичар Џозеф Џон Томсон, претседател на Кралското друштво во Лондон, професор на Универзитетот во Кембриџ, добитник на Нобеловата награда за физика во 1906 година. Во 1897 година го открил електронот како и атомската структура на електрицитетите и ја поставил научната основа за спроведување на електрицитетот низ гасовите. 1863.- Роден е австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Фердинанд. Неговото убиство во Сараево во 1914 година Австроунгарија го искористил како изговор за напад врз Србија, почнувајќи ја Првата светска војна. 1865.- Укинато било ропството во Соединетите Американски Држави. 1903.- Со меѓусебен договор меѓу Америка и Панама, зоната на Панамскиот канал била ставена под контрола на САД. 1911.- Роден е францускиот филмски режисер Жил Дасен. Филмови: „Брутална сила“, „Рифифи“, „Оној кој мора да умрел“, „Закон“, „Федра“. 1913.- Роден е Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Како канцелар (1969-1974), со своето поклонение на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година придонесол за унапредување на односите меѓу СР Германија и источноевропските земји. Добитник бил на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Умрел во Укел, кај Бон, на 8 октомври 1992 година. 1916.- Французите кај Верден прецизно ги утврдиле точките на Западниот фронт по десетмесечните битки во Првата светска војна против Германците. Во најмасовната и најкрвавата битка во војната, загинале 543.000 Французи и 434.000 Германци. 1940.- Со тајниот план под шифрата „Операција Барбароса“, германскиот водач Адолф Хитлер му наредил на Генералштабот на германската армија да подготви инвазија врз Русија во Втората светска војна. 1941.- Во Вашингтон почнала конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Било решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот. 1947.- Роден е американскиот филмски режисер Стивен Спилберг, автор на низа исклучително финансиски успешни филови. Меѓу најпознатите се: „Нешто ѓаволско“, „Дуел“, „Тексас експрес“, „Ајкула“, „Блиски средби од трет вид“, триологијата за Индијана Џонс, „Шиндлеровата листа“. 1948.- Холандија ја обновила офанзивата врз бившата колонија Индонезија (Холандска Источна Индија) која прогласила независност во 1945 година. Ја заробила владата на Ахмед Сукарно, прекршувајќи го договорот со кој во 1946 година ја признала неговата влада. Сукарно и уште десетмина водачи биле истерани во прогонство, но под притисок на движењето на отпорот и светското јавно мислење Холандија со договорот во Хаг во 1949 година безусловно го признала суверенитетот на Индонезија, без Западен Иријан. 1956.- Јапонија била примена за член на Организацијата на Обединетите нации. 1958.- Прогласена била Република Нигер, како самостојна држава во Екваторијална Африка. Дотогаш била француска колонија. 1963.- Роден е американскиот филмски актер Брет Пит. Станал познат во 1991 година, играјќи во филмот „Телма и Луис“. Неговите филмски партнерки биле Сузан Сарандон и Гин Дејвис. Играјќи улоги во филмовите „Река на спомени“ и „Легендата за есента“, се здобил со статусот на тинејџерски идол. За неговата улога на лудиот Џефри Гоинс во „12 Мајмуни“ добил „Златен Глобус“ и една номинација на „Оскар“. Во 1994, 1995 и 2000 година бил прогласен за најзгоден маж на планетата, според американското списание People. 1970.- Во Италија бил усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква. 1972.- Американците во Виетнамската војна отпочнале со масовно бомбардирање на главниот град на Виетнам, Ханој. Во текот на 12-деноноќно бомбардирање, наречено „божиќно бомбардирање“, бомбите од џиновските авиони „В 52“ усмртиле повеќе од 1.600 виетнамски цивили. Исто така загинале и биле заробени 70 американски пилоти. 1994.- Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигнал на сараевскиот аеродром, со што ја започнал втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ. 1995.- Во Фулда умрел Конард Цусе, германски научник пронаоѓач на компјутерот. Тој го конструирал првиот електронски компјутер во светот под назив З3, во 1941 година. Бидејќи Германија била во војна, оваа новина не можела веднаш да се презентира. Едно независно истражување во САД довело до конструирање на сличен апарат во 1944 година под називот Мар 1. Роден бил во 1910 година. 2001.- Умрел францускиот пејач Жилбер Беко, шансониер кој речиси половина век компонирал повеќе од 400 песни, вклучувајќи ја и прочуената „Натали“. Неговиот хит „А сега“, доживеал голем успех во англиска верзија во интерпретација на Френк Синатра и Барбара Стрејсенд. 2005.- На претседателските избори во Боливија победил Евро Морале, како припадник на индијанскиот народ Ајмари. 2006.- Умрел Џо Барбара, коавтор со Бил Ханон на цртаните филмови како што се Том и Џери, семејството Кременко, Штрумфови и Скуби Ду. Барбара првиот успех го доживеал со цртаните филмови за Том и Џери. Двајцата творци започнале во средината на 30-ите години, а успехот и популарноста ги стекнале во 60-ите години од минатиот век. 2011.- Поранешниот претседател на Чешката Република и некогашен дисидент Вацлав Хавел починал во 75-та година од животот. Роден бил во 1936 година во Прага, во претприемачко и интелектуално семејство на кое во 1948 година му бил конфискуван целиот имот. Хавел бил еден од клучните луѓе на Кадифената револуција од 1989 година и активен учесник во движењето Прашка пролет од 1968 година, заради што бил „ставен под надгледување“ на властите, а четири години, од 1979 до 1983 година, минал во затвор. Од 1989 до 1992 година бил деветтиот претседател на Чехословачка, кога поднесол оставка противејќи се на поделбата на земјата, а од 1993 до 2003, во два мандата, бил претседател на Чешката Република. 2016.- На 99-годишна возраст почина За За Габор, холивудска Холивудската актерка од унгарско потекло. Кариерата на Габор започна во 50-те години на минатиот век, со филмовите „Мулен руж”, „Лили”, „Орсон Велс”, „Допирот на злото”. Таа е позната по својот остар унгарски нагласок и по тоа што во своите филмови често се глумеше самата себе. ###

Остани поврзан