• сабота, 23 ноември 2024
На денешен ден
8 јуни 2022 (МИА)   632.- Умрел Мухамед, основачот на исламот. 1508.- Во Рашица, Словенија, е роден Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година ја издал првата печатена книга на словенечки јазик. Умрел во Дерендинген, Германија, на 26 јуни 1586 година. 1695.- Умрел холандскиот астроном, математичар и теориски физичар Кристијан Хајгенс. 1810.- Роден е германскиот композитор и музички писател Роберт Александер Шуман, еден од најзначајните претставници на романтизмот. Се истакна како лиричар и автор на клавирски минијатури. Го основал списанието „Neue Zeitschrift fur Musik“ во кое одлучно се борел против конзерватизмот во музиката. Дела: симфонии, „Концерт во a-mol за клавир и оркестар“, концерти за клавир, концерти за виолончело, циклуси соло песни „Поетска љубов“, „Љубов и животот на жените“, клавирските композиции „Карневал“, „Детски сцени“. 1869.- Роден е американскиот архитект Френк Лојд Рајт, еден од творците на модерната функционална архитектура. Конструирал низа објекти, вклучувајќи ги Гугенхајмовиот музеј во Њујорк и хотелот „Империјал“ во Токио. 1916.- Роден е англискиот биохемичар Френсис Хенри Комптон Крик, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1962 година. Ја разјаснил структурата и обликот на молекулите на дезоксирибонуклеинските киселини и нивната улога во пренесувањето на наследните особини. 1942.- Јапонски подморници во Втората светска војна го бомбардирале најголемиот австралиски град Сиднеј. 1944.- Претседателот на британската влада Винстон Черчил побарал од САД да се согласи со поделбата на интересните сфери на Балканот, по војната - Бугарија и Романија биле препуштени во „советска надлежност“, а Југославија „рамноправно поделена“ на советска и британска „зона на влијание“. 1946.- Умрел германскиот писател Герхарт Хауптман, добитник на Нобеловата награда за литература во 1912 година. Дела: „Пред зората“, „Даброво крзно“, „Зимска балада“, „Црвениот петел“, „Електра“, „Превозникот Хенсел“, „Осамени луѓе“, „Роза Бернд“, „Стаорци“, „Чувар на пругата Тил“. 1986.- И покрај уверливите обвиненија за злосторства кои како нацистички офицер ги направи во Втората светска војна во Југославија и во Грција, поранешниот генерален секретар на ОН Курт Валдхајм бил избран за претседател на Австрија. 1991.- Официјално било соопштено дека во Заливската војна загинале 100.000 Ирачани и 203 војници на меѓународните сили, од кои 144 Американци. 2003.- Полјаците со огромно мнозинство на референдум се изјасниле за влез на земјата во Европската унија. 2013.- Шведската принцеза Меделин се венчала за њујоршкиот банкар Кристофер О’Нил. Триесетгодишната Меделин е најмалата од трите деца на кралот Карл Шеснаесетти Густав и кралицата Силвија и четврта на листата за наследство на престолот. Нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил е осум години постар од неа. Тие се запознале во Њујорк, каде принцезата работела во Светскиот детски фонд, добротворна организација, основана од нејзината мајка. Свадбената веселба се одржала во дворецот Дротнингхолм, во кој Меделин е родена.   ###

Остани поврзан