• недела, 22 декември 2024

На денешен ден

На денешен ден
27 јули 2020 (МИА)   916.- Во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден бил околу 830 - 840 година. 1824.- Роден е францускиот писател Алексадар Дима Синот, кој ги удрил темелите на народниот драмски театар. Напишал 16 театарски пиеси, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Други дела: драмите „Незаконски син“, „Дениза“, „Господинот Алфонс“, „Полусвет“. 1830.- Во Франција избила тридневната „Јулска револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл Десетти Бурбонски да ја укине слободата на печатот. Тој го распуштил штотуку избраното собрание и извршил измени во изборниот закон. Парижаните подигнале барикади и успеале да го соборат кралот Шарл Десетти, а на престолот го донесле Луј Филип, кој како крал на Франција владеел до револуцијата во 1848 година, кога Франција повторно станала република. 1835.- Во Вал ди Кастело, Тоскана, е роден Џозуе Кардучи, италијански поет, книжевен историчар и неокласичар. Напишал голем број песни и книжевни, естетски и филозофски студии. Познати се неговите дела „Варварски оди“, „Рими и ритми“ и други дела. Во 1906 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Болоња, на 16 февруари 1907 година. 1841.- Во Пјатогорскиј умрел Михаил Јурјевич Лермонтов, руски писател. Делата што ги напишал уште како сосема младо момче претставуваат толку зрели уметнички остварувања што влегле во сите збирки и антологии. Го напишал романот „Јунак на нашето време“ и низа поеми. Роден бил во Москва, на 15 октомври 1814 година. 1867.- Роден е шпанскиот композитор и пијанист Енрике Гранадос и Кампања. Дела: клавирска збирка „Гојекас“, „Шпански игри“. 1907.- Во Љуботин, Црна Гора, е роден Петар Лубарда, еден од најголемите црногорски сликари. Работел слики, пастели и фрески инспирирани од пејзажите на Црна Гора, Париз и Дубровник. Од делата познати му се „Косовската битка“, „Гуслар“, „Пламен“, „Борба на коњи“ и други. Умрел во Белград, на 13 февруари 1974 година. 1915.- Во Фиренца роден е италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, еден од најпрочуените во светот. Умрел во Венеција, на 17 октомври 1982 година. 1917.- Умрел швајцарскиот хирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Тој ја испитувал функцијата на штитната жлезда и значително придонесол за развојот на современата хирургија. 1921.- Канадските лекари Фредерик Грант Бентинг и Чарлс Бест првпат го изолирале инсулинот, што набрзо овозможило ефикасно лекување на дотогаш смртоносната шеќерна болест. 1955.- Република Австрија повторно станала суверена држава. Австрија во 1938 година била окупирана и припоена кон Германија, а по Втората светска војна уште десет години била под окупација на сојузничките држави. 1970.- Во Лондон умрел Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њуроршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Роден бил во Лондон, на 2 декември 1899 година. 1980.- Во Каиро умрел иранскиот шах во бегство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владеел со Иран. Роден бил во 1819 година. 1981.- Почнала со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица заминал во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигнал во 12 часот и 35 минути. 1984.- Во Лозана, Швајцарија, умрел Џемс Мејсн, познат британски актер, кој многу генерации го паметат по голем број успешни артистички остварувања во повеќе од 80 филмови и театарски дела. Филмови: „Бегалец“, „Човек во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулиј Цезар“, „Лолита“, „Лордот Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“.  Роден бил во 1909 година. 1984.- На патот Скопје - Приштина, во сообраќајна несреќа загинал Вецко Домазетовски, македонски писател, литературен критичар и новинар. Роден бил во Белград, на 10 јануари 1950 година. 1990.- Белорусија прогласила независност од Советскиот Сојуз. 1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски - Питу" бил одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија. 1996.- Во текот на Олимписките игри во Атланта експлодирала бомба во забавен парк, усмртувајќи двајца и повредувајќи 110 луѓе. 2001.- Умрел Ацо Петровски, филмски работник, продуцент и режисер. Бил претседател за кинематографија во владата на Н.Р Македонија во 1947 година. Ја формирал Кинотека на Македонија и бил нејзин прв директор. Има режирано повеќе документарни филмови: „Велигденски адети“, „Галичка свадба“, „Азот“, „Дервиши“ и други. Продуцент е на играните филмови: „Време без војна“, „Најдолгиот пат“, „Оловна бригада“, „Татко“, „Дубровски“ и други. Роден бил на 12 мај 1923 година во Тетово. 2007.- Во експлозија на камион-бомба во Багдад, во близина на пазарот Карадах, препоплн со купувачи, во шиитскиот дел од градот, загинале 61 лице, а 94 луѓе биле ранети. Од експлозијата изгореле десеттина автомобили, а се запалила и трикатна зграда. 2008.- Умрел египетскиот режисер Јусуф Шахин. Негови познати филмови: „Земја“, „Алексадријо, зoшто?“, „Египетска приказна“, „Имигрант“, „Хаос“. Во Кан во 1997 година му била доделена специјалната награда за животно дело. Заслужен бил за пробивот на Омар Шариф, единествениот светски успешен арапски актер. 2008.- Умрел лордот Дејвид Расел - Џонстон, поранешен претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и негов известувач за Косово и Метохија. На оваа функција бил од 1999 до 2002 година. ###  

Остани поврзан