• сабота, 23 ноември 2024

Надал: Сè уште немам решено дали ќе продолжам со настапи или ќе паузирам до следната година

Надал: Сè уште немам решено дали ќе продолжам со настапи или ќе паузирам до следната година
Париз, 11 октомври 2020 (МИА) - Вториот рекет на светот Рафаел Надал рече дека не знае каде ќе биде неговиот следен настап.
  • Не знам. Не знам каков ќе биде мојот натпреварувачки календар. Не можам ни да кажам дали ќе играм воопшто во следните неколку месеци. Сè уште не сум одлучил дали ќе продолжам со настапи или ќе престанам до следната година. Сега нема смисла да се зборува за завршниот турнир, бидејќи не знам дали ќе одам таму.
Треба да разговарам со моето семејство и тимот, да размислам со мирна глава. На крајот на краиштата, секој знае дека ситуацијата сега е многу тешка. Треба да постапувате мудро и да донесувате правилни одлуки, соопшти Надал. Шпанецот денес го освои 13. трофеј на Ролан Гарос. зс/

Остани поврзан