• сабота, 23 ноември 2024

Навивач се обиде да истрча на теренот за време на финалето на Австралија опен

Навивач се обиде да истрча на теренот за време на финалето на Австралија опен
Мелбурн, 30 јануари 2022 (МИА) - Навивач се обиде да истрча на теренот за време на финалето на Австралија опен меѓу Данил Медведев и Рафаел Надал. Според новинарот Бен Ротенберг, кој е на местото на настанот, еден навивач се обидел да скокне на теренот од далечина од околу три метри. Редарот веднаш го запре и го однесе во просторија под трибините. Друг новинар во арената „Род Лејвер“, Стивен Брук, забележува дека човекот кој паднал на теренот се обидел да развиори транспарент посветен на борбата против притворот на бегалците во Австралија. По два сета Мадведев има водство од 2:0, а моменталниот резултат во третиот сет е 1:1. зс/

Остани поврзан