• вторник, 24 декември 2024

Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста

Муцунски:  Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНР и НТ), Тимчо Муцунски, денеска изјави дека е готова нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој што наскоро ќе биде презентиран пред јавноста во редовна постапка и којшто има за цел да ги интегрира новите формални надлежности коишто ова Министерство ги превзема со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

 -Излегуваме надвор од рамките на таа конвенционална политика и ќе работиме нешто многу повеќе од тоа што е економска дипломатија. Баш пред да бидам присутен на овој настан, бев на состанок на работна група во МНР и надворешна трговија каде што веќе имаме готова нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој што наскоро ќе биде презентиран пред јавноста во редовна постапка и којшто има цел да ги интегрира сите овие формални надлежности коишто се превземаа со Законот за организација и работа на органите на државната управа. И тоа е тоа што ќе ни овозможи полесно да ги ангажираме нашите ДКП, за конечно тие да бидат поактивни и поангажирани во привлекувањето на инвестициите, но и во промовирањето на одредени извозни капацитети коишто државата ги има, за да создадеме повеќе работни места, повеќе добро платени работни места во државата, рече Муцунски на настанот во Свечена сала на Владата во рамки на Платформа: 100% посветени за тебе, на тема „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигитална трансформација“. 

На настанот на кој учествуваат и министерот за европски прашања Орхан Муртезани и Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, Муцунски најави дека се работи и на спојување на  Агенцијата на привлекување на странски инвестиции и Дирекцијата одговорна за ТИРЗ.

-Истовремено работиме на спојување на неколку ангенции. Тоа е Агенцијата на привлекување на странски инвестиции и Агенцијата која што е одговорна за ТИРЗ односно Дирекцијата, во една институција која што ќе има надлежност усогласена со политиките коишто ќе се креираат во МНР и НТ, да ја промовира државата како потенцијална дестинација за привлекување инвестици, но истовремено таа една иста инстистуција да соработува со сите други, со сите инвеститори по нивното присуство во државата. За жал имавме до сега пристап еден којшто не овозможуваше најдобри услови за инвеститорите посебно по нивнто доаѓање во државата. И затоа мораме да работиме на креирање на добри политики од таа гледна точка. Јас гарантирам дека Министерството ќе биде креатор на политики коишто ќе обезбедат повисоки стандарди на ова поле, ќе имаме зголемен ангажман, нашите ДКП веќе од следниот период ќе бидат дополнително ангажирани, рече Муцунски.

Тој кажа дека веќе имаат и голем број конкретни ангажмани коишто ги имаат преземено во последннот период, како разговори со повеќе инвеститори. -Дел веќе се обврзаа за инвестици во државата и работиме заедно со нашите стопански комори и со нашите претприемачи да ја промовираме македонската економија и сите извозни капацитети коишто истата ги има, рече Муцунски. вг/ац/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан