Мурати: Косово има најнизок државен долг во Европа
- Косовскиот министер за финансии, Хекуран Мурати тврди дека Косово е држава со најниско ниво на државен долг во Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 6 август 2023 (МИА) – Косовскиот министер за финансии, Хекуран Мурати тврди дека Косово е држава со најниско ниво на државен долг во Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.
Мурати на неговата страница на Фејсбук напиша дека „благодарение на фискалната дисциплина и доброто менаџирање со јавните пари, постигнато е да се промени трендот на државниот долг, враќајќи го истиот на претпандемиското ниво“.
-Таквата консолидација е високо вреднувана и од меѓународните институции. Оваа консолидација во прв ред ги држи под контрола каматите, затоа што колку што е помал долгот, толку помалку се плаќаат камати и второ, ни овозможува поповолни финансиски услови за новите задолжувања споредено со другите, бидејќи покажавме стабилност и добро трошење на јавните пари, вели Мурати. иа/мс/
фото: МИА