• петок, 27 декември 2024

Мултимедијален настан во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“

Мултимедијален настан во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“

Скопје, 5 јули 2023 (МИА) - „Дојди ја раскажи ја својата приказна – Остави трага“ е мултимедијален настан што вечер ќе се одржи во паркот на Франкофонијата во Скопје. Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, нивна активација и подигање на свеста за еднаквоста во општеството.

Настанот е во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“ која се однесува на млади лица, а ќе ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Како што е најавено, во рамките на настанот ќе се реализира панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, проектната раководителка од Програмската канцеларија на Совет на Европа, Марија Андреева, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски,студентската правобранителка, Викторија Постоловска и претставничката на Пивара Скопје,Александра Бабамова.

Настанот ќе го модерираат Огнен Јанески, Ана Јовковска и Зорана Антовска, а официјално ќе го отвори групата „Шербет“. За време на настанот ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, додека дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, ќе изготват уметнички дела на платно.бт/лв/

 Фото: Институт за добро управување и евроатлантски перспективи

Остани поврзан