• четврток, 26 декември 2024

МП: Задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства

МП: Задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства

Скопје, 1 јануари 2023 (МИА) – Министерството за правда информира дека од денеска задолжително ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства

-МП во координација со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни активности за обезбедување на целосна и непречена задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства почнувајќи од 1 јануари 2023 година, соопшти Министерството за правда.

Системот, појаснуваат оттау,  претставува основна алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување информации, следење и архивирање на предметите како и увид во секој момент во статусот на предметите.

Со него се  обезбедува непрекинат проток на податоци а основна цел е унапредување и автоматизирање на процесите во јавните обвинителства, подобрување на протокот на информации преку дигитализација,архивирање и чување на документацијата обезбедувајќи притоа висок степен на безбедност, контрола на пристапот и автоматизирана комуникација. За соодветна примена на системот, организирани  беа и обуки на јавните обвинители и на останатите вработени, се вели во информацијата од Министерсвото за правда.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан