МПЦ-ОА се враќа во канонско заедништво, разговорите со СПЦ продолжуваат
- МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи то



– Со оваа важна одлука се исправа долгата историска неправда нанесена врз нашата Црква и нејзините верници и се исцелуваат длабоките рани поради децениите изолација со кои се соочи возобновената Охридска Архиепископија. Примајќи ја нашата Црква во евхаристиско општење, Вселенската патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби и го отвори просторот за градење на духовно единство на православните верници. Со ваквиот чекор, патријархот Вартоломеј и Вселенската патријаршија не само што ја препознаваат реалноста на нашата жива православна Црква, туку го признаваат и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија, која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници, се вели во честитката на шефот на државата.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера на средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ја оцени како историски чекор со кој се признава вековното постоење на МПЦ-ОА како наследничка на древната Охридска архиепископија. Оваа историска одлука, според Ковачевски, е донесена по интензивна комуникација на оваа генерација архијереи на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија, во што свој придонес дадоа и претставници на Владата на Северна Македонија.


