МПЦ-ОА изрази сочувство до семејствата на загинатите и побрзо оздравување на повредените во несреќата во Кочани
- Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија изрази сочувство до семејствата на загинатите и побрзо оздравување на повредените во трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија изрази сочувство до семејствата на загинатите и побрзо оздравување на повредените во трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.
- Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог. Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила. На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление, се вели во објавата. бак/
Фото: Македонска православна црква