• петок, 27 декември 2024

МОН: Се зајакнуваат капацитетите на Националната комисија за учебници, се унапредува процесот на одобрување учебници

МОН: Се зајакнуваат капацитетите на Националната комисија за учебници, се унапредува процесот на одобрување учебници

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата.

Како што соопшти денеска Министерството за образование и наука, заедно со Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја.

- Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование, се вели во соопштението. мд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан