Молдавија не планира да прими авиони наменети за Украина
- Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека Кишињев не планира да прими авиони наменети за Украина, откако руското Министерство за надворешни работи се повика на извештаите дека авионите Ф-16 ќе бидат базирани во Молдавија.

Кишињев, 13 август 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека Кишињев не планира да прими авиони наменети за Украина, откако руското Министерство за надворешни работи се повика на извештаите дека авионите Ф-16 ќе бидат базирани во Молдавија.
„Молдавија нема да биде домаќин на оружје и воена опрема, вклучително и авиони наменети за Украина“, се вели во соопштението на Кишињев.
Се посочува дека му препорачува на руското Министерство да добие информации од официјални извори. рп/
Фото: МИА архива