• понеделник, 17 март 2025

Мобилизирани сите тимови во Штипската клиничка болница за укажување помош на повредените од пожарот во Кочани

Мобилизирани сите тимови во Штипската клиничка болница за укажување помош на повредените од пожарот во Кочани

Штип, 16 март 2025 (МИА) - Роднини, пријатели родители, во голем број се пред Штипската клиничка болница, чекаат информации за здравбствената состојба на нивните деца.

Мобилизирани се сите тимови во Штипската клиничка болница. Овде се и волонтерите на Црвен крст кои делат вода на присутните пред болницата.

Повредените биле донесени со возила за итна помош од повеќе градови од источниот регион.

Најавена е изјава за јавноста на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во 9 часот пред полициската станица во Кочани. вдј/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан