• понеделник, 17 март 2025

МНТ: Сочувство до семејството на трагично загинатиот пејач Андреј од ДНК

МНТ: Сочувство до семејството на трагично загинатиот пејач Андреј од ДНК

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Од Македонскиот народен театар изразуваат сочувство до семејството на загинатиот музичар Андреј Ѓорѓиевски од бендот ДНК. 

- Со големо жалење ја примивме веста за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески, брат на нашиот колега актерот Александар Ѓорѓиески, дел од активниот ансамбл на МНТ. Загубивме голем музичар, хуманитарец и пријател. Изразуваме огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар и неговото семејство, пријатели и колеги, се вели во објавата.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 загинати, а 155 се повредени. бак/

Фото: Македонски народен театар

Остани поврзан