• среда, 27 ноември 2024

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Кавадарци, 6 мај 2024 (МИА) - Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан