Младите фудбалери поразени од БиХ во пријателски натпревар
- Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година денеска е поразена од младинците на Босна и Херцеговина со 2:1 (1:0) во пријателски натпревар.

Коњиц, 5 јуни 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година денеска е поразена од младинците на Босна и Херцеговина со 2:1 (1:0) во пријателски натпревар.
Домаќините поведоа во 10. минута преку Јагањац, а тој резултат останал до крајот на полувремето, за Бристриќ да го зголеми водството на домашната селекција во 72. минута.
Македонија го постигнала единствениот гол во судиското надополнување и тоа преку Фетаи, со што се поставени конечните 2:1. дс
Фото: ФФМ