• среда, 27 ноември 2024

МКС: Септемврискиот кибер напад против Меѓународниот кривичен суд беше обид за шпионажа

МКС: Септемврискиот кибер напад против Меѓународниот кривичен суд беше обид за шпионажа

Хаг, 20 октомври 2023 (МИА) - Кибер нападот извршен во септември против Меѓународниот кривичен суд (МКС) беше обид за шпионажа, соопшти организацијата со седиште во Хаг. Засега судот не може да утврди кој стои зад нападот, се додава во соопштението.

„Во моментов достапните докази укажуваат на насочен и професионален напад со цел шпионажа. Затоа, кибер нападот може да се смета за сериозен обид за поткопување на мандатот на судот“, велат од судот.

Судот има пристап до информации поврзани со наводите за воени злосторства што ги истражува низ целиот свет. Не е јасно дали такви податоци се украдени. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан