• вторник, 21 април 2026

Мишел ја обвини Фон дер Лајен за приграбување на моќ

Мишел ја обвини Фон дер Лајен за приграбување на моќ

Брисел, 20 април 2026 (МИА) – Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел во интервју за „Брисел тајмс“ ги критикува Европската комисија и нејзината претседателка, Урсула фон дер Лајен, за обид да преземат повеќе моќ отколку што заслужуваат.

Според него ЕК ги пречекорува своите овластувања и се обидува да ги преземе ингеренциите на Европскиот совет во одбраната, надворешното претставување и Службата за надворешни работи (ЕЕАС).

- ЕК денес се обидува да ја преземе контролата. Тоа не е во согласност со Договорот (на ЕУ) - истакна Мишел.

Тој додаде дека Фон дер Лајен „авторитарно управува“, додека комесарите повеќе немаат никаква улога.

Мишел оцени и дека ЕУ погрешно и слабо одговорила на непријателството со САД, посочувајќи оти не постоел заеднички одговор на американските санкции за поранешниот еврокомесар Тиери Бретон. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан