• понеделник, 16 декември 2024

Мицотакис утре во посета на Бејрут

Мицотакис утре во посета на Бејрут

Атина, 5 декември 2024 (МИА) – Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис утре ќе го посети Бејрут и ќе се сретне со премиерот на Либан Наџиб Микати и претседателот на либанскиот Парламент Набих Бери, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите и истакна дека двете земји „се поврзани со традиционални врски на пријателство“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Посетата има висока симболика и значење, бидејќи Кирјакос Мицотакис е првиот лидер на трета земја и земја-членка на Европската унија што ќе го посети Бејрут по договорот за прекин на огнот и испраќа порака за стабилност и мир, како и порака за силната улога и присуство на Грција во регионот, рече Маринакис.

Додаде дека на средбите со премиерот и со претседателот на Парламентот, се очекува Мицотакис „да ја повтори подготвеноста на Грција да помогне во зајакнувањето на државните структури на Либан, меѓу кои и вооружените сили кои играат клучна улога во спроведувањето на примирјето“.

Паралелно, Мицотакис ќе се сретне и со грчката заедница во Либан. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан