• четврток, 05 декември 2024

Мицотакис и Андрулакис се согласија дека е потребно да имаат отворен канал на комуникација

Мицотакис и Андрулакис се согласија дека е потребно да имаат отворен канал на комуникација

Атина, 4 декември 2024 (МИА) – Важноста да постои отворен канал на комуникација со опозициската партија, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, кој посочи дека е потребен искрен дијалог, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер и лидерот на ПАСОК денеска се сретнаа во Парламентот, што воедно е прва нивна средба откако Андрулакис беше избран (прет три години) и реизбран (во окктомври) за претседател на Социјалистичката партија, која според истражувањата на јавното мислење во Грција е со зголемен рејтинг, но и по оставките на пратеници од СИРИЗА и официјално е втора политичка сила во земјата, односно главна опозиција.

На почетокот на средбата, Андрулакис го праша Мицотакис за вчерашната негова средба со британскиот премиер во Лондон и истакна дека за ПАСОК е важно повторното обединување на Мермерите од Партенон за што изрази подготвеност да помогнат, за како што рече, „да се постигне оваа национална цел“, а грчкиот премиер истакна дека со Стармер разговарале за сите теми, меѓу кои „и за познатото прашање и сега го чекаме развојот на настаните“.

Мицотакис изрази задоволство за денешната средба со Андрулакис и посочи дека потребно е да постои комуникација со лидерот на ПАСОК.

-Очигледно не е работа на опозицијата да се согласува со власта, би било многу чудно тоа да се случува доста често, но мислам дека имаме обврска да имаме отворен канал за комуникација и на лично ниво и секогаш искрено да разговараме за прашањата што треба да бидат и предмет на билатерална дискусија. Се надевам дека ќе имам ваква искрена комуникација секогаш кога ќе биде потребно, истакна Мицотакис.

-И поради моето претходно искуство во Европскиот Парламент, мислам дека единствениот начин за да одиме напред е консензусот, но со искрен дијалог каде што за предизвиците ќе ги поставиме вистинските факти и ќе видиме, секој од своја идеолошка гледна точка, како може да придонесе, рече Андрулакис.

Извори од ПАСОК за грчките медиуми брифирале дека средбата што траела еден час и 15 минути била продуктивна и Мицотакис и Андрулакис разговарале за сите теми што ги засегаат граѓаните, односно поскапувањата на цените, демографското прашање, надворешната политика (Западен Балкан, Турција, случувања на Блискиот Исток), како и прашањата поврзани со владеењето на правото. ср/ссм/

Остани поврзан