• понеделник, 17 март 2025

Мицкоски: Ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите

Мицкоски: Ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите

Скопје, 16 март 2025 (МИА) – Ќе се разгледат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и се она која јавноста оправдано го детектира, како проблем и предизвик на општеството. Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес - конференцијата што е во тек во Владата на РСМ.

Тој искажа голема благодaрност до докторите и целиот медицински персонал во земјава, кои несебично се вклучија во укажување на помош на настраданите, како и благодарност за сите наши пријатели и соседни држави кои се ставија на располагање.

- Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочите кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. Систем кој не вовлекува сите и сака да не проголта. Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно, нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка, закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе не биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување, нагласи премиерот.

Мицкоски истакна дека ги слушнал пораките од опозицијата и посочи дека не сака да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност.

- Ова не е меѓупартиска битка помеѓу ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпирани од сите партии и од сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија и во ВМРО – ДПМНЕ и во СДСМ, и во Вреди и во ДУИ и во сите други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпирани и раскалшени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите, исто како што тие го гзрозија и прегаизја ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема сосема жртви, ги зема најмилите, рече меѓу другото премиерот Мицкоски. цр/ац/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан