• сабота, 21 декември 2024

Мицкоски, Муцунски, Тошковски и Муртезани на самитот на Берлински процес

Мицкоски, Муцунски, Тошковски и Муртезани на самитот на Берлински процес

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. 

Во македонската делегација што ја предводи Мицкоски се и министрите за надворешни работи и трговија, за внатрешни работи и за европски прашања Тимчо Муцунски, Панче Тошковски и Орхан Муртезани.

Како што најавија од владината прес-служба предвидено е учество и заедничка прес-конференција на Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и домаќин на следниот Самит.

Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).

Предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски. ев/дма/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан