Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
- Фудбалскиот клуб Вардар повеќе нема да смета на досегашниот капитен Дарко Мицевски, со кој е постигнат заеднички договор за прекин на соработката и тој е слободен да премине во друг клуб.

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Фудбалскиот клуб Вардар повеќе нема да смета на досегашниот капитен Дарко Мицевски, со кој е постигнат заеднички договор за прекин на соработката и тој е слободен да премине во друг клуб.
Владица Брдаровски, кој е еден од фудбалерите со најдолг стаж во „црвено-црниот“ тим, е ослободен од обврските и ќе бара нова фудбалска средина.
Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, при што првата фаза ќе ја реализира во својата база во Скопје. Како дел од подготовките, „црвено-црните“ ќе заминат во Анталија на 18 јануари. дс
Фото: Архива