• четврток, 22 август 2024

Мирков нов тренер на Шкупи, Бабунски и Османи ќе му бидат помошници

Мирков нов тренер на Шкупи, Бабунски и Османи ќе му бидат помошници

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - ФК Шкупи вечерва го промовираше новиот тренер и неговиот стручен штаб.

На клупата на клубот од Чаир ќе седне Матија Мирков, а станува збор за досегашен тренер на голманите на Шкупи.

За прв помошник на Мирков е назначен Бобан Бабунски, додека во стручниот штаб ќе биде и Минас Османи.

-Возбудени сме да го објавиме назначувањето на Матија Мирков за нов тренер на ФК Шкупи. Со своето долгогодишно искуство, тактички вештини и страст за играта, уверени сме дека Матија ќе го води нашиот тим до нови успеси. Неговата визија совршено се усогласува со амбициите на клубот и ние сме возбудени што го гледаме позитивното влијание што тој ќе го донесе и на теренот и надвор од него.вИсто така, со задоволство објавуваме дека Бобан Бабунски ја презема функцијата помошник тренер, додека Минас Османи ќе биде втор помошен тренер. Заедно, тие ќе го засилат нашиот технички персонал и ќе придонесат за понатамошен развој на нашиот тим, стои во објавата на тимот. дс

Фото: Фејсбук/ФК Шкупи

Остани поврзан