• среда, 27 ноември 2024

Министрите од кипарската Влада се вакцинираат со Астра Зенека за да испратат порака дека вакцината е безбедна

Министрите од кипарската Влада се вакцинираат со Астра Зенека за да испратат порака дека вакцината е безбедна
Никозија, 15 април 2021 (МИА) – За да испратат порака дека ѝ веруваат на вакцината во однос на безбедноста и ефикасноста, министрите од кипарската Влада денеска се вакцинираат со Астра Зенека, соопшти владиниот портпарол Кирјакос Кусиос, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата, а ќе се имунизираат министрите кои досега не се вакцинирани. Во однос на вакцината на Џонсон и Џонсон, на Кипар вчера пристигнаа 2.400 вакцини, меѓутоа нема да се користат сѐ додека не заврши истрагата во САД за можната поврзаност со случаи на тромбоза. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека по превентивната препорака од самата компанија до земјите членки на ЕУ, конкретните вакцини, засега, нема да бидат вклучени во националниот план за имунизација. ср/

Остани поврзан