• среда, 27 ноември 2024

Министрите за надворешни работи на ЕУ одобрија воена помош за Украина во висина од 1,4 милијарди евра од замрзнатите руски средства

Министрите за надворешни работи на ЕУ одобрија воена помош за Украина во висина од 1,4 милијарди евра од замрзнатите руски средства

Брисел, 24 јуни 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ одобрија воена помош во вредност од 1,4 милијарди евра за Украина, а пакетот првпат ќе биде финансиран со приходите од замрзнатите средства на Централната банка на Русија, јави ДПА, повикувајќи се на дипломати.

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека парите мора брзо да стигнат до Украина и да ги „надминат сите блокади“ за да бидат одобрени на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

ДПА посочува дека таквото одобрување е добредојдено за Киев во контекст на континуираниот отпор на Унгарија кон каков било пакет воена помош за Украина со средства од вонбуџетскиот фонд на ЕУ наречен Европски мировен фонд, кој располага со над шест милијарди евра. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан