Министерството за здравство на Хамас објави нов број на загинати - 33.175
- Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека од почетокот на војната на 7 октомври во израелските бомбардирања во Појасот Газа загинале 33.175 Палестинци, а 75.886 се ранети.

Газа, 7 април 2024 (МИА) - Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека од почетокот на војната на 7 октомври во израелските бомбардирања во Појасот Газа загинале 33.175 Палестинци, а 75.886 се ранети.
„Само во изминатите 24 часа загинале 38 Палестинци, а 71 е ранет“, се наведува во соопштението на Министерството. паг/
Фото: МИА архива