• вторник, 24 декември 2024

Министерот Спасовски и директорот на БЈБ Тасевски на ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата 

Министерот Спасовски и директорот на БЈБ Тасевски на ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата 
Скопје, 12 февруари 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски денеска ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде имаа  заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што повторно има можност да се сретне со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР, активност што веќе прерасна во традиција, и да поразговараат за актуелни прашања од важност за нив. Спасовски и во оваа пригода, се наведува во соопштението од МВР, истакнал дека тој и раководството на МВР се нивни пријатели и поддржувачи и оти партнерството со здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ и сите негови членови продолжува и во иднина. - Нема држава во чиишто темели не се вградени и животите на нејзините најдобри синови. Тоа со што нашите херои нѐ задолжија, се враќа само со дела, со хумани, професионални и благородни дела, со сѐ она добро, чисто и честито поради што тие воопшто и ги положија своите животи. Ова ме задолжува мене како министер,  раководството на Министерството за внатрешни работи, но и сите останати институции да бидеме секогаш тука за вас, како нивни најблиски, и да направиме сѐ што е во наша надлежност, кога за тоа постои законска основа, да одговориме позитивно на вашите барања, рекол министерот Спасовски денеска пред децата и семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква. цр/хс/

Остани поврзан