• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Сали ја посети Дебарската болница, која првпат доби мамограф 

Министерот Сали ја посети Дебарската болница,  која првпат доби мамограф 

Дебар, 9 февруари 2023 (МИА) – Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со здравствена услуги ја покрива и општина Центар Жупа. 

 

-Денеска сме во посета на болницата во Дебар со цел да го предадеме во употреба апаратот-мамограф. Редовно комуницираме со здравствените установи кои не информираат што им недостига, за подобра здравствена заштита. Во разговор со директорката на оваа установа бев информиран дека приоритет е обезбедувањето ваков апарат, за навремено дијагносицирање на рак на дојка, кој ќе биде во служба и на жителките од соседните општини, рече министерот Сали. 

 

Според него, дигиталниот апарат е  во вредност од 45 илјади евра, производство е на „Сименс“ и  е со висока ефикаснст. 

 

-Упатувам  апел до сите жени од 45 до 63-годишна возраст од поширокиот регион да се јават во оваа установа во рамки на програмата за скрининг. Исто така со оваа програма се опфатени и жени на возраст од 24 до 45 години кои имаат предиспозиција за оваа болест,  посочи Сали. 

 

 

Директорката на болницата Севдие Коџа изрази благодарнот од име на установата и од, како што рече, сите жени до министерот и до ресорното министерство.

 

-За нас како установа ваков апарат беше повеќе од неопходен. Благодариме на грижата на министерот и министертвото, со чие залагање дебарската болница првпат во историјата на постоењето добива ваков апарат, рече Коџа.

 

Коџа и Сали, како што информираа, разговарале и околу проблемот со недостигот на одредени кадри во болницата. вт/мд/

Остани поврзан