• вторник, 24 декември 2024

Министерот во новоформираното грчко Министерство за цивилна заштита и справување со кризи ќе биде соопштен в понеделник

Министерот во новоформираното грчко Министерство за цивилна заштита и справување со кризи ќе биде соопштен в понеделник
Атина, 3 септември 2021 (МИА) – Во понеделник ќе биде соопштено новото раководство на Министерството за цивилна заштита и справување со кризи на Грција, откри портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому говорејќи за телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за новоформираното Министерство кое остана празно откако поранешниот началник на Генералштабот на армијата и поранешен министер во Владата на СИРИЗА Евангелос Апостолакис одби да ја прифати министерската функција соопштена за време на реконструкцијата на Владата во вторникот. Иконому во интервјуто за грчката телевизија истакна дека одлуката на Мицотакис е да се формира Министерството и да има дополнителна надградба на цивилната заштита. ср/паг/

Остани поврзан