• сабота, 13 декември 2025

Министерот Алиу се сретна со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

Министерот Алиу се сретна со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

Скопје, 22 јули 2025 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова, и со претставници од Агенцијата.

На средбата се разговараше за можностите за зголемување на ефикасноста на Агенцијата преку нејзино професионално зајакнување, подобрување на законската регулатива во делот на акредитација на здравствените установи, како и унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедност на пациентите, соопштија од Министерството за здравство и потенцираат дека остануваат посветени на зајакнување на институциите и развој на системи, кои обезбедуваат безбедни, ефикасни и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани. рп/са/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан