• понеделник, 16 декември 2024

Министерката за култура на Грција оптимистка дека Мермерите од Партенон ќе се вратат во Атина

Министерката за култура на Грција оптимистка дека Мермерите од Партенон ќе се вратат во Атина

Атина, 3 декември 2024 (МИА) – Почнувајќи од Кирјакос Мицотакис до сите нас кои сме инволвирани во конкретната тема, немаше да работиме со ваква посветеност, методичност доколку навистина не верувавме дека скулптурите ќе се вратат, истакна министерката за култура на Грција Лина Мендони во интервјуто за телевизијата ЕРТ говорејќи за Мермерите од Партенон, кои се наоѓаат во британскиот музеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката за култура на Грција посочи дека не е прашање што „ќе се затвори преку ноќ“, но нагласи дека „се води дискусија, постојат консултации со Британскиот музеј, како и отворен дијалог со целата научна заедница“

- Веќе постои меѓународна клима, која го фаворизира враќањето на културните добра кои беа украдени, насилно отстранети од територијата на една земја. Ова е морално прашање што се провлекува низ политиките на големите музеи и воопшто културната политика на меѓународен план, истакна министерката.

Таа додаде дека „повторното обединување на скулптурите на Партенон е постојано грчко барање, на кое работи целата Влада“.

Прашањето за враќањето на скулптурите, според медиумите во Грција се очекува да биде една од темите на денешната средба во Лондон на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со британскиот премиер Кир Стармер. ср/ми/

Остани поврзан