Минатото лето и минатата зима биле најтопли во историјата на Грција
- Зимата 2023-2024 година била најтоплата, а летото 2024 година најжешкото во историјата на Грција, според метеоролошките податоци за минатата година на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 3 јануари 2025 (МИА) – Зимата 2023-2024 година била најтоплата, а летото 2024 година најжешкото во историјата на Грција, според метеоролошките податоци за минатата година на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.
Највисоката температура, 44,5 степени Целзиусови, била измерена на 13 јуни 2024 година на островот Крит, додека најниската била -23,2 степени во карст на планина и -19,8 степени во Лерин во втората половина на јануари.
Во текот на летото, биле регистрирани температури повисоки од нормалните просечни вредности, во јуни биле највисоките температури во текот на целата година во повеќе региони во земјата, додека од 8 до 23 јули бил најдолгиот топлотен бран досега регистриран во Грција.
На островите Родос и Крит, на Пелопонез и во централна Грција на средината на јуни биле измерени највисоките температури, меѓу 43,2 и 44,5 степени.
Најстудено било во јануари во северниот дел на земјата со температури од-12,7 до-19,8 степени Целзиусови. ср/