• понеделник, 16 декември 2024

Милсап ја заврши кариерата

Милсап ја заврши кариерата

Вашингтон, 4 декември 2024 (МИА) - Кошаркарот Пол Милсап се повлече од кошарката по 16 сезони во НБА.

Милсап, беше 47. пик на драфтот во 2006 година. Тој ја помина својата кариера во Јута, Атланта, Денвер, Бруклин и Филаделфија. Последен пат играше во НБА за Бруклин и Филаделфија во сезоната 2021/22, пренесува „ESPN“.

Триесет и деветгодишниот Милсап е еден од осумте играчи во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој достигна 500 тројки, 1.000 блокади и 1.000 украдени топки. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан