• вторник, 15 октомври 2024

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ на Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во конкуренција од 174 натпреварувачи.

-Настапот на Србиновска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“, информираат организаторите.

Во саботата, било официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи.

-Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое изведе незаборавен перформанс на народни игри и ора од Македонија, се вели во денешното соопштение. сст/ац/

Остани поврзан