Милатовиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани
- Со неверување ја примив веста за трагичниот настан во градот Кочани, Северна Македонија, напиша на Х претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Подгорица, 16 март 2025 (МИА) – Со неверување ја примив веста за трагичниот настан во градот Кочани, Северна Македонија, напиша на Х претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.
Тој во име на граѓаните на Црна Гора и во негово лично име изрази најискрено сочувство до семејствата на загинатите, претседателката Гордана Силјановски Давкова и до сите граѓани на Северна Македонија.
- Занемени поради оваа трагедија, длабоко сочувствуваме и ја споделуваме тагата со нашите пријатели во Северна Македонија, наведе Милатовиќ. јт/