
24 април 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека по различни настани во европски и светски рамки, има нов политички моментум за зголемена волја на државава да го забрза евроинтеграциски процес.
-Што се однесува до парламентарната дипломатија навистина е нешто што е врвен проритет за мене. Сакам да го развиеме како држава. Тоа е еден тренд кој се развива во поразвиените демократии. Токму заради ова јас имав да реализирам историски средби во Берлин, Париз, Стокхолм, Брисел, Европскиот Парламент и во седиштетот на НАТО. По настаните во Украина, војната и по претседателските избори во САД, има нов политички контекст и моментум за зголемена волја за нашата држава да го забрза нејзиниот интегративен процес, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите информира дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.
-Уште тече рокот по Деловникот каде министерот може да даде писмен одговор, па во однос на тоа да ја закажеме седницата. Ако нема одговор уште два-три дена, ќе треба да ја закажеме најбрзо што може, односно на првата наредна седница. Очекуваме дека на 29-ти може да се реализира таа седница каде што прва точка на дневен ред ќе биде интерпелацијата, рече Гаши.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на прашање од пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, дали Владата уште стои на мислење за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, на пратениците од опозицијата им порача дека посочениот функционер е избран како нивен предлог. Трајчулески во прашањето истакна и дека Министерството за правда поведе постапка за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, а после трагедијата во Кочани, Владата одлучи да му даде втора шанса.
- Истрагата за Кочани ја води избран обвинител, предлог на Владата каде најголем чинител беше СДСМ и останатите коалициски партнери, како ДУИ. Што значи дека ние живееме во врвот на демократијата. Ретко видено на Балканот, опозицијата си има свој обвинител. Тој обвинител денес ја води истрагата и се надевам дека ќе го охрабрите, уште еднаш да се врати на назад на трите случаи за кои зборувам. Нема да биде дефокус за мене, 75 човечки животи тоа се трајно загубени животи и болка која семејствата ја носат. Тоа е за да повторува и да не се заборави. Мора да има виновници, сега нема виновници. А во овој случај во истрагата обезбедил 68 лица, рече Мицкоски.
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со Дитрих Јон, одговорен за Европа и Евроазија во Светскиот економски форум.
Во фокусот на разговорот, објави Муцунски на неговиот фејсбук профил, биле можностите за продлабочување на соработката со Светскиот економски форум, во насока на иницирање нови партнерства и заеднички иницијативи во областите на економскиот развој, дигиталната трансформација, иновациите и одржливоста.
Брисел - Европската Унија во февруари годинава оствари 23,0 милијарди евра суфицит во трговската размена на стоки со остатокот на светот, што претставува зголемување за 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани, кога трговскиот суфицит изнесуваше 21,8 милијарди евра. Во јануари 2025 година ЕУ имаше трговски дефицит од 5,6 милијарди евра.
Како што соопшти Европската статистичка служба - Евростат, во вториот месец од 2025 година ЕУ извезла стоки во вредност од 225,4 милијарди евра, што претставува годишен раст од 7,0 отсто од остварените 210,6 милијарди евра во февруари 2024 година.
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.
-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.
Скопје - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение категорично ги демантира неточните информации изнесени од страна на политичката партија „Левица“, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Северна Македонија во Њу Џерси.
-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.
Скопје - Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(62), С.Д.(23) и Д.А.(30), сите од Куманово, соопштија денеска од МВР.
При претрес во домот на Д.А., извршен со судска наредба, а во кој биле затекнати З.А. и С.Д., биле пронајдени таблети, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети.
Струга - Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило „застава“ без регистарски ознаки, кое превезувало огревно дрво.
Куманово - Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантски возила за болниците во државата, планот треба да помине на Влада, изјави денеска во Куманово министерот за здравство Арбен Таравари, кој очекува наскоро да почне процедурата.
Модерните возила, како што соопшти, ќе се распределат низ болниците во државата, поголемите и онаму каде што има најголем недостаток.
Куманово - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Куманово присуствуваше на примопредавањето на амбулантско возило од општествено-одговорна компанија за општата болница.
Таравари информира дека кумановската болница од почетокот на годинава досега со своите возила транспортирала околу 300 пациенти од Куманово за Скопје. Кумановската болница со донираното возило сега има пет амбулантски возила со кои воедно се транспортираат и пациенти од болницата до домовите.
Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, оваа година, по 29. пат организира Меѓународен научен собир.
Меѓународен организациски одбор денеска преку соопштение потсетува дека 1 мај 2025 година е крајниот рок за пријавување на теми за Меѓународниот научен собир „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, што се организира на 15 и 16 мај оваа година, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“.
Скопје – Линијата за помош на деца „Ало Бушавко“ при Првата детска амбасада „Меѓаши“ во текот на изминатата година примила 208 повици, при што поддршка добиле вкупно 222 деца и млади лица. Најзастапени проблеми биле оние поврзани со менталното здравје, а најчесто пријавуваните состојби се страв, вознемиреност и проблеми со гневот. Според возрасната група, најмногу се однесувале на деца на возраст меѓу седум и девет години, од кои 108 биле машки а 87 женски.
Годишниот извештај на организацијата кој беше презентиран денеска во Центарот за социјални претпријатија покажува дека 74,2 отсто од сите пријавени случаи се однесуваат на ментално здравје. Меѓу децата кои се јавиле, дури 97 се пожалиле на страв и вознемиреност, 93 на тешкотии со гневот, а 79 деца изразиле длабока загриженост за себе.
Скопје - Вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера се доставени до архивата на Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.
Како што информира министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференција во Владата, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.
Скопје - Во рамките на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска ја посети Општина Зелениково, каде што одржа работна средба со градоначалникот Коста Маневски и членовите на општинскиот Совет.
Средбата, како што соопшти Министерството, била искористена за размена на идеи и ставови во однос на актуелните предизвици со кои се соочува општината, но и за планирање на идни чекори за понатамошен развој и напредок на локалната самоуправа. Фокусот бил ставен на најважните приоритети за подобрување на животните услови на жителите и за унапредување на инфраструктурата.
Охрид – Сообраќајот и транспортот во иднина ќе се заснова врз поголема искористеност на т.н. „чиста енергија“ односно пред се на струја и водород. Решенијата во транспортот мора да се бараат и во подобрена инфраструктура, доколку интенција е да се постигнат одрживи решенија, како на локално така и на национално ниво. Тоа беше посочено на дводневната Меѓународна конференција „Green Urban Transport Solutions“ што од денеска се одржува во Охрид.
Скопје - Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот.
Скопје - Од денеска ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. АМСМ соопшти дека работите ќе траат до нивно завршување.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Скопје - Во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 865 платни налози.
Скопје - Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за фирмите коишто се на списокот што го објави Министерството за транспорт за одземање на нивните лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање, а по спроведените контроли и трагичниот настан во Кочани.
Истражувањето открива дека лиценци ќе им се одземат на 426 фирми, бидејќи од 479-те фирми на списокот има некои што се повторуваат, а други на коишто им се одземаат по неколку лиценци.
Скопје - Во рамки на Деновите на македонските кореографи, вечер од 20 часот на Мала сцена на Националната опера и балет премиерно ќе биде изведена претставата „Д (како Дездемона)“ во кореографија на Рисима Рисимкин, која годинава одбележува 45 години уметничко творење.
Претставата е во продукција на Скопје танцовиот театар. Инспирирана е од трагедијата „Отело“ на Вилијам Шекспир чие творештво Рисимкин продолжува да го истражува, со посебен акцент на женските ликови во неговите дела.
Скопје – Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, денеска беше претставен комплетно реновираниот и опремен Оддел за висцерална и абдоминална хирургија, донација на компанијата „Спорт Лајф“ обложувалници во вредност од околу четири милиони денари.
На прес-конференцијата беше посочено дека годинава, „Спорт Лајф“ има обезбедено дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата, биле обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерењена гликемија.
Рим - Базиликата Свети Петар во Ватикан изутрината повторно е отворена по кратко затворање во текот на ноќта, за вториот ден од поклонението пред папата Франциск. Од 11 часот вчера до 11 часот денеска повеќе од 50.000 луѓе се собраа во базиликата Свети Петар за да се простат од починатиот папа, соопшти прес-службата на Ватикан.
Поради огромната редица луѓе кои чекаат, базиликата, која првично требаше да се затвори на полноќ, остана отворена до 5:30 часот утрината, пред повторно да ги отвори вратите во 7 часот.
Телото на 88-годишниот Френсис, кој почина во понеделникот во неговата резиденција Санта Марта по мозочен удар, вчера беше пренесено во базиликата Свети Петар во погребна поворка.
Брисел - Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика денеска и утре ќе престојува во посета на Молдавија и Азербејџан.
Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, Калас во Кишињев попладнево ќе се сретне со молдавската претседателка Маја Санду, со премиерот Дорин Речеан и со вицепремиерот и министер за надворешни работи Михаи Попшои.
Марсеј - Министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљo, соопшти дека рано утринава е спроведена голема полициска акција во која се уапсени 21 лице, осомничени дека припаѓаат на организиран нарко-картел кој дејствува во Марсеј.
Операцијата беше спроведена многу рано утринава и доведе до 21 апсење поврзани со нарко - картел, пишува Ле Фигаро.
„Очекуваме ова да овозможи разбивање на значајна мрежа во Марсеј“, рече Ретаљо на прес-конференција за време на посетата на градот.
Варшава - Претседателите на Израел и Полска, Исак Херцог и Анджеј Дуда, заедно со илјадници млади Израелци и Полјаци и 80 преживеани од логорот, денеска им оддаваат почит на милионите жртви на холокаустот во Маршот на животот во поранешниот најголем логор на смртта, Аушвиц-Биркенау, кој Хитлеровите Германци го изградија за време на Втората светска војна во окупираната Полска.
Истанбул - Многу жители на Истанбул ноќта ја минаа на отворено, плашејќи се да се вратат во своите домови, по силниот земјотрес и над 180 последователни потреси, јавија американските медиуми.
Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што вчера погоди област на 40 километри југозападно од Истанбул, најмалку 236 лица добија помош поради повредите што ги добиле кога се обиделе да скокнат од згради или поради напади на паника.
Лондон - Владата на Велика Британија го укина замрзнувањето на средствата на сириските министерства за одбрана и внатрешни работи, како и на неколку разузнавачки агенции, пренесоа денеска агенциите.
Како што е објавено на веб-страницата на британското Министерство за финансии, меѓу 12-те субјекти кои повеќе не се под режим на замрзнување на имотот се и Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Генералната разузнавачка служба на Сирија.