• сабота, 10 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Флеш

  16  април  2025

 

Скопје - Десет полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето Пулс во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ против 10 лица, полициски службеници, информираат од МВР.

Скопје – Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања. 

Според Манев, за да се добие правилна и вистинита пресуда и да се утврди вистината и фактите мора да се направи една од тие две работи. Во спротивно, нагласи тој, каква и да биде пресудата таа ќе подложи на жалби.

Скопје - Лидерите од коалицијата „Влен“ денеска во 14 часот ќе одржат седница во Скопје по вчерашната одлука на Алијанса на Албанците да одат на сопствени листи за советници на претстојните локални избори, а да не излегуваат од коалицијата. 

- Во 14 часот ќе има седница на Влен по што медиумите и јавноста ќе бидат информирани за ставовите на Влен околу ова прашање, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити при неговата посета на Липково.

Скопје - Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници. 

- МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Скопје - Во време на глобални промени и предизвици, културата станува она што нè поврзува, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој се обрати на отворањето на настанот „Форум за културните рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“, што се одржува во Скопје.

Скопје - На граничен премин Богородица спречен е обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти денеска Царинската управа.

Случајот, како што е наведено во соопштението, е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини пронајде непријавени 1.944 парчиња сребрен накит со тежина од 5,4 килограми и две сребрени плочки со тежина од еден килограм.

 Неготино - Дваесет и двегодишно момче од неготинското село Тремник синоќа е пријавено за исчезнато, потврдија за МИА од СВР Велес. 

- Синоќа во 22.15 часот во ОВР Неготино, С.С.(40) од село Тремник, неготинско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот внук од брат Д.С.(22), кој бил со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од СВР Велес. 

Известување за исчезнатото момче е објавено и на Фејсбук профилот посветен на селото Тремник. 

Скопје - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, како и по Нацрт-стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

Во тек е широк и транспарентен консултативен процес, во кој, како што се наведува во соопштението, Министерството се залага активно да се вклучени научната фела, граѓанските организации, институциите и индустријата. Целта е, се додава, да се донесе долгорочен и одржлив стратешки документ кој ќе обезбеди балансиран пристап меѓу економскиот развој, заштитата на животната средина и јавниот интерес.

Скопје - Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, вчера во 16:25 часот, го лишиле од слобода Л.И.(22) од село Липково.

Како што соопшти денеска МВР, при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 96 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Скопје - Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски се одложува за 23 април поради отсуство на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски.

Судијата Ивица Стефановски, информираше дека денеска добил поднесок од бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски, со медицинска документација и барање за одложување. Судијата, посочи дека ова е прво вакво барање, но доколку се повтори во иднина ќе назначи адвокат по службена должност.

Следното рочиште, треба да продолжи со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски.

Кочани - Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски денеска ја одржа првата средба со новинарите на која информираше за актуелната состојба во општината и за планираните активности во наредниот шестмесечен мандат од неговата функција.

Изразувајќи сочувство и почит кон настраданите и семејствата на повредените лица во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, тој информираше дека една од првите одлуки е од општинскиот буџет на Кочани да се уплатат три милиони денари на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ.

Кочани - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска од Кочани почна едукативна кампања наменета за сите потенцијални корисници на програмата Еразмус+, за да ги унапреди транспарентноста, конкурентноста и квалитетот на проектите во согласност со европските вредности и практики во образованието.

Директорот на Агенцијата, Петар Богојески беше во работна посета на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани каде најави серија обуки, информативни сесии и теренски активности за зголемување на учеството на основните и средни училишта, како и на други јавни институции во програмата Еразмус+.

Скопје – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва во Скопје ќе му биде домаќин на поранешниот европски и светски првак Црвена ѕвезда во хуманитарен натпревар од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во која загинаа 61 лице.

Хуманитарниот натпревар е закажан со почеток во 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, која според најавите, се очекува да биде максимално исполнета.

Атина - На иницијатива на Министерството за животна средина и енергетика на Грција во соработка со Министерството за надворешни работи и другите надлежни грчки министерства денеска бил донесен акт за воспоставување на Национална територијална стратегија за морскиот простор, со која се прецизира и мапира морското просторно планирање на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека станува збор за важна иницијатива бидејќи „за првпат земјата ги поставува правилата за организација на морскиот простор“.

Брисел - Европската комисија денеска го објави својот годишен извештај во рамки на Системот за брзо предупредување за опасните непрехранбени производи „Безбедносна порта“ за 2024 година, кој покажува дека лани биле регистрирани 4.137 вакви стоки, што е највисока бројка од лансирањето на системот во 2003 година. 

При презентацијата на извештајот еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите Мајкл Мекграт истакна дека системот „Безбедносна порта“ и овозможува на ЕУ брзо да се справи со ризиците што ги носат опасните стоки. 

Вашингтон - Американскиот министер за финансии Скот Бесeнт се сретна со шпанскиот министер за економија Карлос Куерпо во Вашингтон и рече дека Мадрид мора да потроши повеќе за одбраната за да ги исполни своите обврски кон НАТО.

На состанокот во вторникот, Бесeнт „ја истакна потребата од поголеми трошоци за одбрана на Шпанија во контекст на НАТО“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Техеран - Иран не е подготвен да преговара за своето право да збогатува ураниум, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

Тој изјави дека Иран ќе ги разјасни своите позиции за време на следната рунда нуклеарни преговори со САД, во сабота, и дека Техеран слушнал „контрадикторни изјави“ од американскиот пратеник Стив Виткоф дека Иран мора „да го запре и елиминира нуклеарното збогатување“.

Брисел – Американската компанија „Мета“ најави дека нејзините онлајн платформите „наскоро“ ќе почнат со надградба на своите модели за вештачка интелигенција во Европа со користење на содржините што ги споделуваат нивните полнолетни корисници од Европската Унија. 

Компанијата соопшти и дека корисниците на нејзините платформи, како „Фејсбук“, „Инстаграм“, „ВатсАп“ и „Месинџер“, ќе имаат право да се спротивстават на употреба на нивните податоци. 

Киев - Врховната рада на Украина денеска го усвои предлог-законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во земјата за уште 90 дена, до 6 август.

Вонредната состојба и општата мобилизација ќе бидат продолжени на 9 мај од 05:30 часот и ќе бидат во сила во наредните 90 дена.

Оваа информација ја објави пратеникот Јарослав Железњак на својот канал на Телеграм.

Лондон - Принцезата од Велс, Кетрин - Кејт Мидлтон раскажа како се справува со стресот откако лани ѝ беше дијагностициран рак. На Јутјуб-каналот на Кејт и принцот Вилијам, како и на Инстаграм, објавено е кратко видео каде што принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.

Кејт, за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс, рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што ѝ дава „чувство на мир во овој многу зафатен свет“, како што самата додаде.

Тагови

Остани поврзан