• сабота, 21 декември 2024
МИА Флеш

  19 декември 2024

 

 

Скопје -  Да се создаде бизнис околина што ќе биде предвидлива и ќе ги намали трошокот и времето на фирмите во делот на административните и бирократските барања, формирање на иновативен еко систем којшто ќе ги доближи  новите технологии и знаења до македонските фирми, финасиски сектор кој ги опфаќа сите форми и ќе нуди разновидни финансиски услуги со кои ќе се подобри ликвидноста и инвестициската способност на фирмите и пазарна интеграција и на регионалниот и на европскиот пазар. 

Ова се клучните препораки на Светска Банка за политиките за развивање на приватниот сектор, изнесени денеска на настан во Собранието во организација на Комисијата за економски прашања, во присуство на претставници на ресорните министерства и на надлежните институции, невладиниот сектор, стопанските комори и Организацијата на работодавачи.

Скопје - Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето. 

Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во дежурната амбуланта, за што се води прекршочна постапка, како и дека медицинската документација се креира од страна на доктори кои не се присутни на работа за што од страна на ДСЗИ е издадено решение чии рокови течат.

Корча - Заменик-министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, од Корча изрази благодарност за 80-годишнината од изучувањето на македонскиот јазик во Албанија. Тој се заблагодарил на Албанија што им дозволи на Македонците да го изразуваат својот јазик, објави euronews.al.

Димитровски високо ги оценил и мостовите на соработка меѓу двете земји кои имаат за цел членство во Европската унија, а истовремено работат на важни области како што се јазичните и културните прашања.

Скопје - Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17 декември и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата, информираат денеска од Агенцијата.

Вероника Бучковска, велат од Агенцијата, е дел  од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка при Агенцијата за филм на Р.С. Македонија од 2011 година, задолжена за промоција на македонската филмска продукција на локално и меѓународно ниво како и за следење на реализацијата на филмските фестивали.

Скопје - Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патните правци Скопје – Катланово и Катланово – Скопје и до 100 метри на патниот правец Македонски Брод – Кичево, информираат АМСМ и ЈП Македонијапат.

Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања .Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. 

Скопје – Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска.

Последното рангирање во 2024 година не донесе ниту една поголема промена и Македонија остана на 67. место со 1368,96 бодови, колку што имаше и минатиот месец.

Светскиот првак Аргентина втора година по ред ќе заврши на првото место, пред Франција и европскиот првак Шпанија.

Брисел – Случувањата во Сирија со падот на режимот на Башар Асад покажаа дека Русија не е непобедлива и ние мора да разговараме за тоа како можеме да обезбедиме поголема поддршка за Украина во справувањето со руската инвазија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при доаѓањето на денешниот Самит на Европската Унија, на кој се разговара за повеќе прашања од надворешната политика. 

- Секое инсистирање на преговори за брзо време, всушност ќе биде лошо за Украина. Сите други актери во светот внимателно гледаат како ние се справуваме со ова и затоа мора да бидеме силни, рече Калас. 

Брисел – Премиерот на Луксембург, Лук Фриден денеска во Брисел изјави дека е потребно ЕУ да ја сфати геополитичката важност на процесот на проширување.

Мислам дека главната порака за нас, исто така и во западна Европа, е дека треба да водиме сметка за Западен Балкан. Мораме да го охрабриме процесот на реформи, но тој не може да трае со децении пред барем една од тие земји да се приклучи на ЕУ, наведе Фриден по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет, каде ќе се разговара за проширувањето на ЕУ.

Брисел – Иако тоа не е дел од официјалниот дневен ред на Самитот на ЕУ што денеска се одржува во Брисел, не е исклучено дел од лидерите да го покренат и прашањето за „едностраните потези“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со нејзината одлука да го потпише договорот за слободна трговија меѓу Унијата и јужноамериканската економска заедница Меркосур, потег кој таа го оцени како „историски“. 

Дел од земјите членки, пред се Франција, не се согласуваат со договорот, бидејќи сметаат дека тој ќе му нанесе штети на европскиот земјоделски сектор, со тоа што ќе овозможи слободен увоз на евтини земјоделски призводи од Јужна Америка, чии производители не се обврзани на почитување на строгите правила кои важат за земјоделците во ЕУ и им носат дополнителни трошоци. 

Берлин - Дури 39 отсто од Германците кои јадат месо сакаат да знаат како биле сместени и одгледувани животните од менито во ресторан и со што се хранеле, покажува ново истражување.

Наводите од испитувањето, од друга страна, покажуваат и дека за 35 отсто од германските граѓани, оваа информација не е важна, а 20 проценти од испитаниците се рамнодушни. Останатите не се изјасниле. Особено заинтересирани за тие „сточарски подробности“ се помладите лица, на возраст од 18 до 35 години. Околу 50 отсто од нив, при посета на ресторан, сакаат да го знаат тој податок. Тие сметаат дека е важно да се понуди месо од доставувачи кои им обезбедиле пристап до отворено на животните и повеќе простор за движење.

Москва – Претседателот на Русија, Владимир Путин на традиционалната прес-конференција за крајот на годината призна дека не може да каже кога руската армија ќе ја врати целосната контрола врз западниот регион Курск.

- Апсолутно ќе ги потиснеме. Апсолутно. Не може да биде поинаку, посочи Путин.

Но, тој на прашањето за конкретен датум, истакна: „Извинете, не можам да кажам во моментов“. 

Москва - Претседателот на Русија, Владимир Путин на традиционалната прес-конференција за крајот на годината говореше и за падот на режимот на Башар ал Асад. Русија со години воено го поддржуваше Асад за време на сириската граѓанска војна.

Путин вели дека силите на поранешниот претседател ги напуштиле позициите без отпор, што ја објаснува брзината на поразот. Тој негира дека колапсот на неговиот сојузник претставува пораз за Русија.

Кабул - Во две сообраќајни несреќи на автопатот во југоисточен Авганистан, загинаа 50 лица, а 76 се повредени, изјави денеска владиниот портпарол.

-Автобус и цистерни со нафта се судрија на автопатот Кабул-Кандахар вчеравечер, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Газни, Хафиз Омар.

Втората несреќа се случи на истиот автопат, кој ја поврзува авганистанската престолнина Кабул со југот на земјата.

Њујорк - Компанијата „Гамето“ (Gameto) со седиште во Њујорк, САД, го објави раѓањето на првото бебе во светот зачнато со помош на новата технологија наречена „Фертило“ (Fertilo). Новороденчето дојде на свет во клиниката „Санта Изабел“ во Лима, Перу, и тоа претставува значителен напредок во лекувањето на неплодноста, елиминирајќи ја потребата од приближно 80 отсто од хормонските инјекции коишто се потребни за оплодување со вообичаената метода „Ин-витро“.

Ливерпул – Американската корпорација Фридкин Груп денеска официјално стана мнозински сопственик на англискиот фудбалски прволигаш Евертон.

Условите за продажба на Евертон на Групацијата Фридкин од досегашниот сопственик Фархад Мошири и неговата компанија Блу Хевен Холдингс беа договорени уште во септември, а сега се потврдени, со што корпорацијата со седиште во Тексас стана сопственик на 98,8 отсто од акциите на Евертон.

Евертон е вториот европски фудбалски клуб во сопственост на групата Фридкин, која претходно ја купи и италијанската Рома.

Тагови

Остани поврзан