• недела, 21 декември 2025

МИА Радио флеш

МИА Радио флеш

  19  мај  2025

 

Скопје - „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави.

Како што информираат од МВР, сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.

Скопје - Полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 09.57 часот, го лишиле од слобода Х.А.(56) од с.Голема Речица, тетовско.

Од МВР денеска соопштија дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово тој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.

Скопје - Во Кочани утрово во 01.10 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.А.(53) од Кочани.

МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.

Скопје - Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се заканило дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар.

Како што соопштуваат од Обвинителството, лицето се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Скопје - Во Кочани утрово во 01.10 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.А.(53) од Кочани.

МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.

Скопје - Универзитетската клиника за урологија во Скопје стана првиот јавен здравствен центар во Македонија кој изведува операции за поставување на вештачки уринарен сфинктер, процедура која досега беше достапна само во странство или во приватни клиники.

Како што соопштуваат од Клиниката, интервенциите ги изведува виш научен соработник д-р Огнен Ивановски, кој првите операции ги реализирал под менторство на проф. д-р Сергеи Котов од московската Клиника Пирогов.

Скопје - Изминатиот викенд во редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1363 издадени платни налози дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.

Како што денеска соопшти МВР, истовремено 67 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 101 возач на мотоцикл е санкциониран за неносење на заштитна кацига.

Скопје - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 12.05. до 18.05.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Охрид – Проектот за пренасочување на реката Сатеска по нејзиното провобитно корито  е толку лошо изготвен така што спроведувањето на самиот проект би можело да доведе до спротивен ефект од предвидениот, односно „има потенцијал за зголемување на изложеноста и ранливоста на влијанијата од климатските промени“. Така тврдат активистите на Граѓанската еколошка иницијатива „Охрид SOS“, според кои негрижата и неспособноста ќе го доуништат веќе ранливиот Охридски Регион заштитен од УНЕСКО како светско природно и културно-историско наследство.

Охрид – Во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“, како трета книга во едицијата „Колоси“ деновиве од печат излезе книгата „Песни“ од Мајаковски во избор и препев на Славе Ѓорѓо Димоски. 

За разлика од досегашните преводи и препеви на тој значаен руски и советски поет, во овој избор се застапени песни од неговиот рана творечка фаза и песни инспирирани од неговите патувања по Европа, Америка и Мексико, односно во збурката нема песни кои го врзуваат за неговиот однос кон Октомвриската револуција.  

Атина – Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран кусо пред 3.30 часот на Евија, што е дел од низата земјотреси со ист епицентар во изминатите 24 часа во северниот дел на грчкиот остров, а предизвикана е помала материјална штета и пукнатини на над 50 објекти, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на грчката Организација за антисеизмичко планирање и заштита Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ рече дека не постои посебна причина за загриженост, но дека го следат развојот, додавајќи дека на жителите им биле дадени потребните упатства.

Ватикан – Папата Лав XIV утрово се сретна со потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, соопшти канцеларијата за печат на Светата столица.

Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата во неделата наутро на плоштадот Свети Петар.

По приватната аудиенција со папата кој е роден во Америка, Венс се сретна со архиепископот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

Брисел - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта упатија „искрени“ и „најтопли“ честитки за победата на градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан на вчерашниот втор круг од изборите за претседател на Романија. 

- Од градското Собрание до место во Европскиот совет. Искрени честитки до Никушор Дан за победата на романските претседателски избори, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс. 

Според неа, изборот на Дан за претседател на Романија е силен сигнал за приврзаноста на Романците кон европскиот проект. 

Брисел - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта му честиташе на португалскиот премиер Луиш Монтенегро за победата на коалицијата предводена од неговата десно-центристичка Социјалдемократска партија (ПСД) на вчерашните парламентарни избори во Португалија. 

- Ќе соработувам тесно со следната влада на Португалија за да ја направиме Европа посилна, попросперитетна и поавтономна, наведе Кошта во објава на Икс со која му ја честита победата на својот сонародник.

Брисел - Грција, Франција и Шпанија подготвија заеднички документ за расправа на јунскиот Совет на ЕУ, со кој се бара од Европската комисија да утврди минимална старост за пристап до социјалните медиуми на ниво на ЕУ и да воведе систем за проверка на возраста при пристапување до онлајн мрежите. 

Во документот подготвен од министрите задолжени за дигитални технологии на Грција, Франција и Шпанија се оценува дека „лошо дизајнираните дигитални производи и услуги“ предизвикуваат низа здравствени проблеми кај малолетниците кои постојано се изложени на тривијални или несоодветни содржини. 

Букурешт – Новиот претседател на Романија, проевропскиот центрист Никушор Дан, математичар образован на Сорбона, има историја на активизам против неконтролираниот развој на недвижности и корупцијата пред да влезе во политиката, опишан е како смирен и методичен, а често е виден како ја води ќерката на училиште, коментираат светските агенции.

Неговиот прв предизвик ќе биде именување на премиер и брзо формирање на ново владејачко мнозинство за да се реши најголемиот буџетски дефицит во ЕУ и да се обиде да избегне намалување на рејтингот од последната скала на инвестицискиот ранг.

Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери ја Франција“ (Choose France), во момент кога локалната економија се соочува со висок дефицит, слаб раст и потенцијални трговски тензии со САД.

Најголемиот дел од оваа сума, околу 17 милијарди евра, веќе е најавен на посебен самит за вештачка интелигенција одржан во февруари. Останатите 20 милијарди евра се однесуваат на нови проекти во Франција во областа на индустријата, енергетиката и дигиталната технологија, кои ќе бидат официјално претставени денеска во дворецот Версај, пред директори на светски компании.

Лисабон – Лидерот на португалската централно-десничарска Демократска алијанса (АД) и вршител на должноста премиер Луис Монтенегро денеска изјави дека добил јасен и зајакнат мандат од Португалците да владее, и покрај тоа што на изборите не освои целосно парламентарно мнозинство.

Монтенегро рано утрово на собраните поддржувачи им рече дека опозициската Социјалистичка партија очигледно не е склона да преговара за каков било договор за широко мнозинство, додека тој се држи до своето ветување дека нема да има никакви договори со крајно десничарската Чега.

Газа – Во преговорите во Доха за ставање крај на војната во Газа и ослободување на заложниците досега не е постигнат никаков напредок, изјави денеска официјален претставник на палестинската милитантна група Хамас.

- Досега не е постигнат никаков пробив или напредок во тековните преговори во Доха поради континуираната израелска непопустливост, рекол извор од Хамас за Би-Би-Си.

Остани поврзан