
17 март 2024
Вашингтон - Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе одржи говор за време на прославата во Белата куќа на ирскиот празник - Денот на Свети Патрик.
Баку - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во посета на Ерменија, Азербејџан и Грузија.
Сеул - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посета на Јужна Кореја.
Москва - Завршува гласањето на претседателските избори во Русија.
Мадрид - Собир на шпанските земјоделци на покана на синдикатот.
Канбера - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во посета на Австралија и Нов Зеланд.