• четврток, 29 август 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

28 август 2024

Њујорк - Седници на Советот за безбедност на ОН за Украина и за Сирија.

Берлин - Средба на германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Кир Стармер.

Каракас - Собири на приврзаниците на власта и опозицијата во Венецуела по прогласувањето на победата на претседателот Николас Мадуро на изборите, која е оспорувана од неговите противници.

Кејп Канаверал - Лансирање на ракета на компанијата „Спејсекс“ во орбитата на Земјата со екипаж кој треба да излезе од леталото на „вселенска прошетка“, прва за време на приватна мисија.

Венеција - Започнува 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, кој ќе трае до 7 септември.

Остани поврзан