• вторник, 23 јули 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
4 февруари 2020 - Меѓународен ден на борба против ракот Јалта - Одбележување на 75 година од Кримската конференција, на која Јосиф Сталин, Винстон Черчил и Френклин Рузвелт разговараа за судбината на Европа по Втората светска војна. Киев - Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите Арлем Дезир ќе престојува во Украина до 7 февруари. Краков - Францускиот претседател Емануел Макрон во посета на Полска. Вашингтон - Американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот ќе одржи говор за состојбата на нацијата. Њујорк - Годишно обраќање до новинарите на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.  

Остани поврзан