• сабота, 21 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

 21 септември 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/14:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе го посети логистичкиот центар на Кам Маркет во општина Илинден (ЛЦ Кам маркет, ул. 35 Бр.39 населба Илинден 1041,https://maps.app.goo.gl/WXjDRvbZ5UNyEH5C8/11:00, по што ќе следат изјави) и новоотворениот маркет на Кам во општина Петровец. (Кам маркет Петровец, ул. 1 бр. 91А, https://maps.app.goo.gl/GsTanU4U2bdurKGD8)

Дојран - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек во работна посета на Дојран. (Изјави за медиуми пред општинската зграда/11:30)

Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе одржи прес-конференција. (Медија-центар во Владата/12:00) 

 Скопје - Амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Дејвид Гир ќе се обрати по повод официјалниот почеток на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ финансиран од Европската Унија. (х.„Мериот“/12:00, изјава за медиумите/13:00)

Скопје - Амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир и Робертина Брајаноска извршен директор на Македонско еколошко друштво ќе се обратат на настанот насловен „Балканскиот рис во ЕУ“ во организација на Македонското еколошко друштво.  (Europe House, Скопје/10:00)

Скопје - „BLUE ECONOMY SUMMIT“ на кој се најавени обраќања на евроамбасадорот во земјава ,Дејвид Гир, министерката за животна средина, Каја Шукова и првиот човек на „Prime Blue Institute“, Зоран Мартиновски. (х. Панорамика/9:30)

Битола - Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Новаци (Посета на манастирот Рождество на Пресвета Богородица - Новаци/12:30, посета на теренски активности низ Новаци, изјави за медиуми/13:00)

Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)

Берово - Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) со граѓаните и локалните институциитво Берово. (Општина Берово/11:30)

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и директорот на Културниот центар Јадро, Ѓорѓе Јовановиќ ќе одржат прес конференција во дворот на ОУ „Киро Глигоров“. (12:00)

Скопје - Сојуз - Национален совет за родова рамноправност во соработка со „Зелената арка“ и СУГС „ Димитар Влахов“ ќе одржи еко акција под наслов ЗдруЖени разговори и готвење на тема: Жените и процесите на производство, подготовка и распределба на храна. (Општествена градина Бостание, ул.„Тодор Чангов“ 51 25, изјави за медиумите/16:00)

Скопје -  Прес-конференција на здруженијата „Човекот над профитот", „Но Пасаран", КСОМ и ПЦЕР. (Пред Министерството за правда /12:00) 

Скопје - Излагање на Амбасадорката на Сојузна Република Германија во РС Македонија, Петра Дрекслер, за политичкото значење на јазикот и поезијата и прес-конференција со раководителката на СловоКулт :: Берлин, Елизабета Линднер. (Кафе-книжарница Буква/20:00) 

Битола - Прес конференција по повод 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ на која ќе се обратат директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски и Маја Ангеловска, координатор за офф- програмата. (Офицерски дом/11:00)

Битола - УКЛО-Битола и Европска недела на мобилност (Студентски информативен центар/11:00)

Ровињ - 16-то издание на Weekend Media Festival. (Стара тутунска фабрика во Ровињ)

Скопје - Прес проекција за филмот „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“. (Cineplexx Скопје/12:00)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамки на втората сезона од 46. Денови на македонската музика. (Филхармонија, голема сала/20:00)

Велес - Караванот „Македонијо во срце те носиме“ ќе одржи концерт. (Амфитеатар во Младинскиот парк/20:00)

Скопје - Манифестација „Движи се за здравје“ во рамки на Европската недела на движењето во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. (Градски парк – фонтана „Лотосов цвет“/10:00)

______________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан