• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД

7 април 2023

Скопје - Заедничка прес-конференција на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и српската министерка за евроинтеграции, Тања Мишчевиќ. (Медија центар на Влада/10:00)

Скопје - Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео конференциска врска и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер ќе го отворат првиот Одбранбен форум 2023. (х.„Хилтон“/10:00, пристигнување на медииумите/9:30)

Скопје - Македонското лекарско друштво ќе одржи свечен собир на тема „Здравје за сите“ по повод на Светскиот ден на здравјето. (х.„Холидеј ин“/12:00) 

Велес - Промоција на Green Map - мобилна апликација зелен катастер изработен од млади и промоција на Импакт Медиа тим - редакција на млади кои ќе работат на промоција на трансформативните практики за имплементација на Зелениот Договор на ЕУ. (Градска библиотека „Гоце Делчев“/10:30)
 
Скопје - Завршен настан од проектот „Птици“ по повод Меѓународниот ден на лицата со аутизам. (Зоолошка градина/10:30)
 
Скопје - Панел дискусија на тема „Правиот пат до создавање на детската литература“ во организација на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје и Здружението „ДЕЦА ЗА ДЕЦА“. (Галерија „КО-РА“/19:00)

Скопје - Меѓународен фестивал за кларинети КЛАРИФЕСТ-Скопје 2023, со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата. (КИЦ-Скопје, Салон 19.19/19:19)  

Скопје - Промоција на најновиот музички проект на пијанистот Бобан Мирковски насловен „АЛБУМ“ во издание на Баги Комуникации (слушање на албумот/11:00) прес-конференција. (12:00)

Скопје - Концерт и мултимедијален перформанс на македонскиот продуцент на електронска музика - Кеско. (МКЦ/23:00)

Скопје - „Аргентинска вечер“ спој на аргентински специјалитети со звуците на тангото. (х. Лимак/19:30)

Скопје - Прес-конференција на Кајакарската Федерација на С.Македонија. (Агенција за млади и спорт/11:30)

Скопје - Крос трка по повод Меѓународниот ден на здравјето во Организација на Детскиот културен центар „Карпош“. (Градски парк, тартан патеката/11:00)

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан