16 декември 2025
Скопје - Собранието на Собрание на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 76-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:00)
Скопје - Законодавно-правна комисија. (10:30/Сала 6)
Брисел - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во работна посета во Брисел, каде што ќе присуствува на Самитот на лидерите на ЕУ и државите од Западен Балкан.
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректоркатата на Унивеитетот Св.Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова и деканот на Филозофскиот факултет, Оливер Бакрески ќе се обратат на свечената академија по повод 105 годишнината од постоењето на Филозофскиот факултет. (Македонска филхармонија, голема сала/18:00)
Скопје - Официјална инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора во Скопје во организација на Шведско-македонската комора. (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија/15:00)
Скопје - Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, и директорот на Корејски Царински Сервис на Република Кореја, Ли Мијонг Ку ќе одржат прес-конференција на која ќе го промовираат Системот за податочен склад и анализа на ризик. (11:15, инсерти од состанокот/10:50)
Скопје - Државниот завод за ревизија ќе одржи настан по повод 26 години работа на ДЗР како независна, одговорна и транспарентна врховна ревизорска институција во државата. (Клуб на пратеници, бул. „Теодосиј Гологанов“ бр. 45/11:00)
Скопје - Антикорупцискиот тим на СДСМ ќе ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. (Седиште на партијата/10:30)
Скопје - Во рамките на Медиумите за ЕУ, Еуротинк, АЛДА и БИРЦ организираат конференција за вмрежување и градење капацитети „Подобрување на медиумското образование: Вмрежување со школите за ЕУ новинарство“. (х.„Карпош“)
Скопје - Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 75 години од раѓањето и 50 години од објавувањето на првата книга на Раде Силјан. (Библиотека за македонска книжевност и култура на Факултетот/11:30, изјави за медиумите пред почетокот на настанот)
Скопје - Прес-конференција на Националната федерација на фармери. (х.„Панорамика“/9:30)
Скопје - XI студиски ден на ИНИ: „Ѓорѓија Пулевски за историјата и за јазикот“ (по повод 150-годишнината од Речник од три јазика) презентирана од проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и проф. д-р Лилјана Гушевска. (Институт за национална историја/12:00)
Скопје - По повод прославата на 80 години од приказните за Мумините на познатата финска писателка и илустраторка Тове Јансон, Амбасадата на Финска, во соработка со Европската куќа (Europe House) во Скопје, организира проекција на филмот „Тове“, во режија на Заида Бергрот на која ќе се обрати амбасадорот на Финска, Н.Е. Никлас Линдквист. (Europe House, октел/18:30, проекција на филмот/19:00,изјава за медиумите пред проекцијата)
Скопје - Драмски театар ќе одржи прес-конференција по повод премиерата на претставата “Болва в уво”. (Драмски театар/10:30)
Скопје - Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев. (Простории на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“/9:30)
Софија - Литературен портрет, промоција на книгата „Вообразби“ од Бранко Цветкоски и проекција на филм за „Македонска книжевна визита во Софија“. (КИЦ, ул.„Обориште“ 7 Софија /19:00)
Загреб - Отворање на изложбата Простори на конјункција. (Македонски културно информативен центар во Загреб/19:00)
________________________________________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***